Линкови за пристапност

Уметницата Марија Павловска ја доби наградата „Леонардо да Винчи“ за 2024


Наградата се доделува за дело на реномиран уметник, скулптор, креативен или визионер, чија работа претставува значаен придонес за уметничкото наследство на светот
Наградата се доделува за дело на реномиран уметник, скулптор, креативен или визионер, чија работа претставува значаен придонес за уметничкото наследство на светот

Македонската уметница Марија Павловска ја доби меѓународната награда „Леонардо да Винчи“ - злато/специјално издание за 2024 година.

Наградата се доделува за дело на реномиран уметник, скулптор, креативен или визионер, чија работа претставува значаен придонес за уметничкото наследство на светот.

Павловска има добиено 14 меѓународни награди за уметност, меѓу кои и најновото специјално издание на „Леонардо да Винчи“, што беше доделено во Националниот музеј за наука и технологија Леонардо да Винчи во Милано, на 13 април годинава.

Наградата се состои од комеморативна статуа, трофеј и каталог книга со делата на уметникот.

Павловска неодамна изложи дваесет години уметност во галеријата „АП Спејс“ во Њујорк, вклучувајќи ги нејзините најрани дела на хартија до неодамнешните големи платна.

Нејзината уметност, во црно-бела боја, е уникатна на Балканот и пошироко, со две и пол децении континуирано присуство на европската современа уметничка сцена, како и во САД и Азија.

По нејзиното прво соло претставување во Њујорк во 2007 година, Павловска живее меѓу Њујорк и Скопје. Tаа е активна и на њујоршката уметничка сцена и на меѓународно ниво.

Нејзината работа е претставена низ целиот свет на преку 30 самостојни изложби и повеќе од 100 групни меѓународни изложби, а нејзините уметнички дела се претставени во многу списанија, весници и каталози на музеи и галерии ширум светот.

Некои од нејзините дела се наоѓаат во престижни приватни и јавни збирки ширум светот, вклучувајќи владини институции, амбасади, музеи, галерии и библиотеки.

Павловска за нејзините дела има добиено 18 значајни меѓународни грантови.

XS
SM
MD
LG