Линкови за пристапност

Украинскиот претседател ветува мировен план


Порошенко вели дека планот ќе вклучи примирје со сепаратистите

Украинскиот претседател Петро Порошенко вели дека ќе изнесе детален мировен план што ќе вклучи примирје во борбите на владата со про-руските сепаратисти.

Отварајќи го состанокот на советот за национална безбедност во Киев, Порошенко во понеделник кажа дека планот ќе го изнесе неделава и дека примирјето ќе биде предложено на самиот полчеток на имплементацијата на планот.

Тој кажа дека планот ќе вклучи промени во уставот на државата што ќе ја де-централизира власта – што е клучно барање на опонентите во источна Украина.

Порошенко ова го кажа по соопштението рускиот енергетски гигант Газпром дека го прекинува испраќањето на природен гас во Украинаоткако Киев го пропушти рокот за плаќање на долгот од речиси две милијарди долари.

Газпром вели дека Украина мора сега да плати однапред за секој природен гас.

Европa добива околу една третина од својот природен гас од Русија, од кој половина тече низ нафтовод преку Украина.
XS
SM
MD
LG