Линкови за пристапност

Тензиите растат меѓу про-руските и про-западни демонстранти во Украина


Има загриженост дека нацијата од 46 милиони луѓе може да се соочи со поделба исток-запад

Про-руски демонстранти и оние кои ги поддржуваат про-западните привремени лидери се спротивставија меѓусебно во јужниот град Симферопол во средата.

Судири од помал размер се случија меѓу разлутени демонстранти, некои раскрвавени во инцидентот, што се случи во дворот на административна зграда во главниот град на Крим.

Кримскиот полуостров главно е населен со луѓе кои зборуваат руски и ја поддржуваат Москва, иако вклучува и малцинство на татарска група која има тенденција на заземање позиција против Русија.

Има загриженост дека нацијата од 46 милиони луѓе може да се соочи со поделба исток-запад по неделите на широкораспространети протести кои предизвикаа соборување на про-рускиот претседател Виктор Јанукович.

Американскиот државен секретар Џон Кери во вторник кажа дека државата не треба да биде притисната да избира меѓу Москва, нејзиниот поранешен советски господар, и Вашингтон:

„Ова не е Запад против Исток. Не треба да биде. Не се работи за Русија или САД, или друг избор. Се работи за народот на Украина и Украинците го прават својот избор за нивната иднина, и ние сакаме да работат со Русија, со други држави, со секој што е на располагање, за да се обезбеди мир од сега натаму, зашто очигледно, страшното насилство што се случи на Маидан беше шок за секого во светот“.

Анти-владините демонстрации избувнаа во Украина откако Јанукович го одби трговскиот договор со ЕУ за сметка на економска помош од Русија. Насилството ескалираше минатата недела со десетици убиени.

Во средата украинските привремени лидери ги распуштија елитните безбедносни сили обвинети за изведување на смртоносни напади на демонстрантите за време на протестите.
XS
SM
MD
LG