Владејачката партија во Украина побара темелна реорганизација на Владата - знак дека нејзините водачи се обидуваат да ги смират демонстрантите кои се против економски пакт со Русија.
Пратениците на Партијата на региони, кон која припаѓа украинскиот претседател Виктор Јанукович, на денешната средба со премиерот Микола Азаров побараа „90%-на реорганизација“ на неговиот владин кабинет.
Во обид да ја намали напнатоста, Јанукович понуди редица отстапки, меѓу што и отпуштање на виши полициски претставници поради полициското насилство врз демонстрантите. Но, опозицијата, настроена кон Европската унија, ги отфрли отстапките како половични мерки и нејзините водачи бараат оставка на Азаров и предвремени претседателски и парламентарни избори.
Во меѓувреме, соработник на рускиот претседател Владимир Путин најави дека на утрешната средба со Јанукович во Москва би можел да биде постигнат договор за голем заем, а украински министер најави и евентуален договор за намалување на цената на гасот што доаѓа од Русија.
Украина ја потресува најголемата политичка криза последнава деценија откако Јанукович одби да го потпише планираниот политички и трговски договор со ЕУ минатиот месец.