Украинскиот Парламент ја одобри извршната наредба потпишана од претседателот Петро Порошенко за прогласување воена состојба во делови од државата, откако Русија во неделата во Црното море заплени три украински воени бродови заедно со нивниот екипаж.
Порошенко, исто така, рече дека разнувачките податоци укажуваат дека постои исклучително сериозна закана од копнени операции против Украина од страна на Русија.
„Го држам документот од разузнувачките служби в раце.. Тука, на неколку страници има детален опис за сите сили на непријателот лоцирани буквално на неколку десетици километри од нашата граница. Подготвени во секој момент за итна инвазија на Украина“, рече тој.
Воената состојба “во случај на инвазија ни дозволува да реагираме брзо, итно да ги мобилизираме сите ресурси“, рече тој.
Новите мерки ќе стапат на сила во областа која граничи со Русија и со Молдавија, како и по брегот на Црното море и на Азовското море.
Според текстот на воениот декрет на Порошенко, објавен на интернет https://echo.msk.ru/blog/echomsk/2322380-echo/, тоа ќе им овозможи на властите да ги ограничат правата и слободите на граѓаните предвидени со членовите 30-34, 38, 39, 41-44 и 53 од Уставот на Украина.
Мустафа Најем, украински новинар кој беше избран во украинскиот Парламент како член на фракцијата на Порошенко, во понеделникот на својот фејсбук профил напиша дека овие уставни одредби, покрај другото, го гарантираат правото на: неповредливост на домот, тајност на преписката, телефонските разговори и друг вид комуникација, слобода на движење, слобода на мислата и говорот, слобода на здружување и собирање и право на штрајк.
https://www.facebook.com/Mustafanayyem/posts/10213922566764348
Се надевам дека политичарите и медиумите ќе се однесуваат одговорно и дека соодветно на актуелните услови нема да ја напаѓаат Украина со тези позајмени од руските пропагандистиПетро Порошенко, претседател на Украина
Порошенко во понеделникот тврдеше дека воениот декрет не вклучува никакви мерки за воведување на цензура или за ограничување на правата и слободите на граѓаните. „Се надевам дека политичарите и медиумите ќе се однесуваат одговорно и дека соодветно на актуелните услови нема да ја напаѓаат Украина со тези позајмени од руските пропагандисти“, рече украинскиот претседател.
Кога Порошенко за прв пат го спомена воведувањето на воена состојба како одговор на руската поморска агресија, некои критичари тоа го окарактеризираа како „закана за демократијата“. Меѓу нив се и трите поранешни украински претседатели, Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јушченко, кои во заедничка декларација во понеделникот посочија дека прогласувањето на воена состојба ќе ги одложи претседателските избори кои треба да се одржат на почетокот на следната година.
Според декретот одобрен во Парламентот воената состојба, која стапува на сила на 28 ноември, ќе остане на сила 30 дена, така што не се очекува да влијае на почетокот на кампањата за претседателските избори.
Исто така во понеделникот Парламентот го одобри барањето на Порошенко претседателските избори да се одржат на 31 март 2019 година.
Facebook Forum