Вршителот на должност министер за одбрана на Украина денес најави дека ќе продолжи армиската офанзива против проруските бунтовници во источниот дел на земјата.
Михајло Ковал информираше дека војската ги исчистила од сепаратисти јужните и западните области на регионот на градот Донецк, како и северно од регионот на градот Луганск. Министерот најави дека операцијата ќе продолжи се` додека не се врати мирот и редот во целото подрачје.
Вчера, сепаратистите срушија армиски хеликоптер близу градот Словјанск, при што загинаа најмалку 12 припадници на украинската армија, меѓу нив и еден генерал.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни кажа дека нападот укажува дека сепаратистите имаат пристап до софистицирано оружје и друга помош однадвор.
Денес, претставник на НАТО соопшти дека Русија продолжува да ги движи силите подалеку од границата со Украина. Неименуваниот армиски офицер во соопштението наведува дека се повлекле две третини од руските сили на границата, но дека таму се` уште се наоѓаат неколку илјади војници.
Американски и НАТО-претставници повеќепати побараа Русија да ги повлече силите, велејќи дека нивното присуство предизвикува напнатост. Според дел од медиумските извештаи, има борци кои влегуваат во Украина од Русија.
ОБСЕ вели дека загубила контакт со уште една своја четиричлена група на набљудувачи во источна Украина. Организацијата вчера последен пат остварила контакт со групата. Бунтовниците од понеделникот држат други четворица набљудувачи на ОБСЕ.