Линкови за пристапност

Британија ќе ги врати во употреба сино-златните пасоши


Велика Британија објави дека ќе ги врати препознатливите сино златни пасоши, откако официјално ќе ја напушти Европската Унија во 2019-та година.

Од 1988-та, наваму, британските пасоши се издаваат во бордо боја како и другите земји на Унијата.

Приврзаниците на Брегзит ја поздравија одлуката, како чин на враќање на британската независност од ЕУ, додека противниците велат дека станува збор за површност и изразија загриженост дека Брегзит ќе ја намали позицијата на државата во светот.

„Британскиот пасош е израз на нашата независност и суверенитет - симболизирајќи го нашето државјанство на горда, голема нација“, напиша на Твитер премиерката Тереза Меј.

„Затоа објавивме дека препознатливите сини пасоши ќе се вратат откако ќе ја напуштиме Европската Унија во 2019-та година“.

Но, голем број законодавци, меѓу кои и некои од партија на Меј, денеска изјавија дека промената на бојата на патните исправи, нема да ја ублажи критиката од оние кои се противат на Брегзит и кои се позагрижени за економските прашања и за односите со Европа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG