Палестинските здравствени лица соопштија дека во израелски воздушен напад рано денес загинале пет новинари во кампот Нусејрат во центарот на Газа.
Телевизискиот канал Ал-Кудс Тудеј, кој е поврзан со милитантната група Исламски џихад, во соопштение рече дека во нападот бил погоден камион за емитување и ги убил неговите пет вработени.
Каналот соопшти дека групата била убиена „при извршување на својата новинарска и хуманитарна должност“.
Израелската војска соопшти дека нејзините сили удриле во возило со терористи од Исламскиот џихад во областа Нусејрат.
Милитантите на Хамас убија 1.200 луѓе во нивниот напад врз јужен Израел во октомври 2023 година и зедоа околу 250 други како заложници.
Во Газа сè уште се држат околу 100 заложници, иако се верува дека најмалку една третина се мртви.
Во израелската контраофанзива во Газа загинаа повеќе од 45.300 луѓе, соопшти Министерството за здравство на Газа.
Министерството не прави разлика меѓу цивилите и борците во својот број. САД, Обединетото Кралство, Европската Унија и други, го прогласија Хамас за терористичка група.
Некои информации во текстот се од АП, Ројтерс и Франс-прес