Линкови за пристапност

Уапсен поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан, протести низ целата држава


Адвокатите на Кан тврдеа дека паравоени сили физички го нападнале пред да го одведат во притвор и да го предадат на властите
Адвокатите на Кан тврдеа дека паравоени сили физички го нападнале пред да го одведат во притвор и да го предадат на властите

Властите во Пакистан денес го уапсија поранешниот премиер Имран Кан, лидер на најголемата национална политичка партија, пред судот во главниот град Исламабад.

Седумдесетгодишниот политичар бил приведен додека се подготвувал да присуствува на сослушувањето за десетици обвиненија против него, од наводен тероризам и корупција до предавство и други кривични дела.

Адвокатите на Кан тврдеа дека паравоени сили физички го нападнале пред да го одведат во притвор и да го предадат на властите за борба против мито, кои ги придружувале.

Партијата на Кан го осуди апсењето на нивниот лидер.

Пакистанскиот министер за внатрешни работи Рана Санаула го потврди апсењето на Кан, отфрлајќи ги обвиненијата за физички напад и изјави за локалните медиуми за случајот за корупција против опозицискиот политичар.

Поддржувачите на Кан излегоа на улиците во Исламабад и другите делови на земјата во знак на протест поради апсењето. Полицијата во Исламабад ги растера демонстрантите и приведе десетици од нив во процесот.

Демонстрантите и очевидците објавија дека безбедносните сили пукале кон мажи и жени надвор од армиските и ИСИ инсталации во неколку градови, при што биле повредени многу демонстранти.

Голем број поддржувачи на Кан се собраа пред воениот штаб во Равалпинди и извикуваа слогани против армијата, нешто што не е видено во поновата историја на Пакистан.

XS
SM
MD
LG