Линкови за пристапност

Поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан ранет во нога при пукање


Неговата партија и полицијата соопштија дека еден од неговите поддржувачи бил убиен, а други девет биле ранети
Неговата партија и полицијата соопштија дека еден од неговите поддржувачи бил убиен, а други девет биле ранети

Вооружен маж отвори оган денес во камион за кампања во кој се наоѓаше поранешниот пакистански премиер Имран Кан, ранувајќи го полесно во ногата и убивајќи еден од неговите поддржувачи, соопштија неговата партија и полицијата. Девет други се исто така ранети.

Засега не е познат идентитетот на вооружениот напаѓач, кој е уапсен на местото на настанот. Ниту една група не ја презеде одговорноста за пукањето.

Нападот покрена нова загриженост за растечката политичка нестабилност во Пакистан, нуклеарно вооружена нација со масовно население од 225 милиони луѓе.

Откако беше соборен со гласање за недоверба во Парламентот во април, Кан мобилизираше масовни собири низ целата земја, на кои тврдеше дека бил жртва на заговор на неговиот наследник, премиерот Шахбаз Шариф и САД.

И новиот премиер и Вашингтон ги отфрлија ваквите наводи.

Пакистан има повеќедецениска историја на политички убиства, вклучувајќи го и она на Беназир Буто, првата демократски избрана жена лидер на муслиманска земја во 2007 година.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG