Линкови за пристапност

Дали блокирањето твитови е заштита на изборите или мешање во нив?


Изминативе недели, Твитер, Фејсбук и Гугл, сопственикот на Јутјуб, презедоа чекори да го ограничат ширењето на дезинформации и радикален говор

Одлуката на Твитер да блокира ширење на сторија за Хантер Бајден, син на поранешниот потпретседател Џо Бајден, ја зголеми дискусијата во САД за тоа дали интернет компаниите имаат преголема моќ, како и дали носат одлуки кои би можеле да се одразат врз изборите.

Некои го поздравија потегот на Твитер како начин да се спречат дезинформациите. Други ја критикуваа одлуката, велејќи дека би можела да влијае врз резултатот на изборите во САД.

Изминативе недели, Твитер, Фејсбук и Гугл, сопственикот на Јутјуб, презедоа чекори да го ограничат ширењето на, како што велат тие, дезинформации и радикален говор на нивните страници.

По изборите во САД во 2016 година, интернет компаниите беа критикувани дека не преземаат доволно мерки да го спрчат ширењето на неточни информации на нивните страници.

Оваа недела, Твитер блокираше одредени профили на неговиот сајт, кои се обидоа да споделат текст на „Њујорк пост“, во кој се открива наводна размена на имејли меѓу Хантер Бајден и украинско официјално лице, за организирање состанок со Џо Бајден, додека тој бил потпретседател на САД.

Во извештајот се вели дека тврдењата се базираат на податоци од компјутерски диск, кој наводно бил заборавен од Хантер Бајден.

Руди Џулијани, адвокат на претседателот Доналд Трамп, наводно му го обезбедил дискот на весникот.

Доцна вчера, Твитер ги обнови правилата, велејќи дека повеќе не би отстранувал содржина која била обезбедена преку компјутерско хакирање, и оти ќе ги означува твитовите да обезбеди контекст наместо да ги блокира линковите споделени на Твитер.

Линковите до извештајот на „Њујорк пост“ се` уште се блокирани, објави Си-ен-би-си, бидејќи текстот содржел лични, приватни информации.

Кампањата на Бајден изјави дека го прегледала „официјалниот распоред на Џо Бајден во тој период, и никаков состанок, како што укажува `Њујорк пост`, не се случил никогаш“.

„Истражувачките стории на медиумите за време на импичментот, дури и две републикански сенатски комисии, чија работа беше опишана како нелегитимна и политичка од страна на републиканските колеги, дојдоа до ист заклучок: Џо Бајден спроведувал официјална американска политика кон Украина, и не бил вклучен во незаконско однесување“, изјави Ендрју Бејтс, портпарол на Бајден.

Твитер ја блокираше можноста на весникот да сподели твит за текстот од неговиот Твитер профил. Исто така, ги блокираше кампањата на Трамп и други профили да ја споделуваат оваа сторија.

Фејсбук соопшти дека го намалил ширењето на текстот, чекајќи проверка на фактите од трета страна.

Лиза Каплан, извршна директорка на компанијата „Алитија груп“, која детектира дезинформации и онлајн закани, вели дека неодамнешните одлуки на Твитер да блокира одредени објави се добар знак.

Републиканците од Сенатот изјавија дека ќе го повикаат извршниот директор на Твитер Џек Дорси да сведочи следната недела.

Сенаторот Тед Круз рече дека Дорси требало да објасни зошто Твитер ја злоупотребува неговата корпоративна моќ за да го замолчи печатот.

Одлуките на компаниите во врска со извештајот во „Њујорк пост“ уште повеќе го истакнаа прашањето дали компаниите носат уредувачки одлуки, или платформите се места каде луѓето споделуваат информации, но, со многу мала контрола од компаниите за тоа што е кажано.

Конгресните лидери од двете партии размислуваат за тоа дали да забранат дел од правната заштита на компаниите, согласно која, тие не се одговорни за говорот на нивните страници. Тие размислуваат да се намали заштитата која овие компании ја уживаат.

Со одлуката за „Њујорк пост“, директорот на Центарот за слобода на печатот на универзитет во Тенеси, вели дека интернет компаниите не се доближиле да бидат издавачи.

„Ако имате бизнис и последно нешто што сакате се неточни информации, тогаш можете да кажете дека не се чувствувате пријатно нив да го споделите со милиони луѓе во светот. Тоа е ваше право“, вели тој, додавајќи дека секоја компанија има право да одлучи што поддржува, како во случајот со Твитер и Фејсбук.

Она што е сигурно е дека со одлуките кои ги носат интернет компаниите за блокирање објави, речиси на дневна основа, законодавците и регулаторите ќе имаат повеќе причини на кои ќе се повикаат за промена на правилата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG