Линкови за пристапност

САД ја укинаа забраната за лаптоп компјутери во „Туркиш“ и „Емирати ерлајнс“


Забраната се` уште важи за директните летови кон САД од аеродромите во Јордан, Кувајт, Египет, Саудиска Арабија, Мароко и Катар

„Туркиш“ и „Емирати ерлајнс“ спроведоа нови безбедносни мерки, но се изземени од забраната за носење на лаптоп компјутери во кабините на летовите кон САД, објавија авиокомпаниите.

Претходно на авионската компанија „Етихад“, со седиште во Абу Даби, и беше укината забраната за внесување поголеми електронски уреди, откако се усогласија со новите мерки воведени од САД кои се однесуваа на летовите од 10 аеродроми од Блискиот Исток и Северна Африка.

„Почитувани патници, #Добредојдовте на нашиот лет кон САД. Ве молиме ставете ги безбедносните појаси и уживајте во вашите електронски уреди“, напишаа на Твитер од турската авиокомпанија.

Забраната за лаптопи на летовите кон САД од најпрометниот аеродром во светот од Дубаи беше отстранета откако беше воведена нова технологија за обработка на слики, кажа во соопштение портпаролката на „Емирати ерлајнс.“

Изминатиот месец од компанијата објавија дека паднала побарувачката на карти за летови до САД, и како резултат на тоа бил намален бројот на летови од Дубаи кон пет американски градови.

Минатата недела од американскиот Оддел за домашна безбедност соопштија дека сите авиокомпании кои летаат директно до САД имаат избор: или да воведат софистицирана технологија за рендгенско и ултразвучно прегледување на уредите или да им забранат на патниците да носат големи електронски уреди какви што се лаптоп компјутери во кабините.

Ваквата забрана се` уште важи за директните летови кон САД од аеродромите во Јордан, Кувајт, Египет, Саудиска Арабија, Мароко и Катар.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG