Линкови за пристапност

Турција нуди размена за Ѓулен


Анкара неколкупати бараше САД да го екстрадираат Фетула Ѓулен, сега за тоа нудат американски свештеник

Турција вели дека ќе го ослободи американскиот свештеник, Ендрју Брансон кој е во притвор веќе една година, ако САД го екстрадираат муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за минатогодишниот неуспешен државен удар.

„Тие велат, дадете ни го свештеникот, а таму имаат проповедник (Ѓулен). Дадете ни го нам, и ние ќе се обидеме да го вратиме (Брансон)“, рече во телевизиско обраќање турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган.

Брансон кој живее во Турција повеќе од 23 години, во октомври 2016-та, беше уапсен заедно со неговата сопруга Норине, заради наводно прекршување на имиграционите закони.

Таа беше ослободена, а неговите обвиненија беа надополнети, за наводна поддршка на мрежата на Ѓулен, која Турција ја означи како терористичка организација.

Двојката раководеше со христијанска црква во егејскиот град, Измир.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG