Стратешката цел на Турција за развивање на домашна индустрија за оружје, е движечка сила зад нејзината намера да купи руски ракетен систем „С-400“ (S-400), a како дел од договорот, Москва би го вклучила трансферот на технологии. Оваа понуда, велат експертите, ги попречува напорите на Вашингтон да ја убеди Анкара, наместо тоа, да го купи ракетен систем на САД, „Патриот“.
Турските партнери во НАТО ја предупредуваат Анкара за компромитирање на нејзините системи за одбрана, доколку бидат распоредени ракетите „С-400“.
Сепак, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, и виш претседателски советник, кој побара да остане анонимен, стојат на ставот дека „зделката“ со Русија вредна неколку милијарди долари, ќе се реализира. Чавушоглу сепак посочи дека можно е Анкара да го купи системот „Патриот“.
Некои експерти велат дека одлуката на Анкара, за потребите за вооружување да се сврти кон Москва, е резултат на тоа што турските сојузници не успеале да ја споделат својата технологија.
Во најновите американски дипломатски напори да се сопре купувањето на ракетите С-400, помошникот-секретар за одбрана Кевин Фахи, кажа дека Вашингтон би можел да биде пофлексибилен. „Турција има интерес за Патриот, па затоа веќе некое време работиме на случајот, тоа да функционира“, рече тој.
Сепак, според аналитичарите, Анкара е свесна дека секој договор за ракетите „Патриот“, ќе мора да биде одобрен од Конгресот, кој има сé поагресивен став кон Турција. Американските законодавци веќе се закануваат дека ќе го блокираат испораката на американските борбени авиони Ф-35. Во минатото, бројни договори за оружје со Турција, биле прекинати или одложени од страна на Конгресот.
Еден западен дипломат, кој исто така побара да остане анонимен, кажа дека загриженоста за тоа со кого Анкара ќе ја сподели технологијата што ја обезбедила од своите сојузници, е најверојатно фактор зад неподготвеноста за вклучување на трансферот на технологии во договорите за оружје.
Договорот меѓу Анкара и британската компанија Ролс Ројс за изработка на борбен авион, наводно, наишол на компликации во однос на заедничката технологија.
„Не само Русите, туку и Кинезите нудат технолошки трансфер. Зависи од Американците и другите земји од НАТО, дали можат да и` веруваат на Турција или не. Впрочем, НАТО е заснован на доверба“, додаваат експертите.
И Москва има ограничувања за споделување технологии со Анкара. Рускиот претседател Владимир Путин, наводно, учтиво ги отфрлил овластувањата на Ердоган за надградба на купувањето на С-400 на најновиот руски С-500 систем. Сепак, аналитичарите посочуваат дека Москва ќе продолжи да нуди доволно технологија, за да го искористи неодлучноста на Западот да ја сподели својата технологија со својот турски сојузник.
Facebook Forum