Линкови за пристапност

Книгата на Вудвард за Трамп од денес во продажба


Претседателот со порака на Твитер ја осуди книгата, велејќи дека е дел од лавината напади против него

Новата книга за претседателот на САД Доналд Трамп, која се однесува за неговата администрација и одлуките од денес е во продажба.

Книгата „Страв: Трамп во Белата куќа“ на истражувачкиот новинар Боб Вудвард го критикува 20- месечното претседателствување на Трамп.

Трамп со порака на Твитер ја осуди книгата велејќи дека е дел од лавината напади против него.

Вудвард има напишано книги за седум претходни администрации.

Тој новинарската слава ја стекна пред околу пет децении, како еден од известувачите на Вашингтон пост, чии истражувачки текстови за корупцијата во Белата куќа помогнаа во симнувањето на претседателот Ричард Никсон од функцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG