Претседателот на САД Доналд Трамп реагира во врска со новата книга за неговото претседателство, тврдејќи дека содржи изјави и ситуации кои се измислени, вршејќи притисок врз јавноста да поверува во нив.
Книгата со наслов „Страв: Трамп во Белата куќа“ од авторот Боб Вудвард, го цитира шефот на Кабинетот на претседателот Џон Кели, како вели дека претседателот е „нестабилен“.
Експерти во новата книга, пак, зборуваат дека актуелната администрација доживува нервен слом во текот на овие први 19 месеци.
Вудвард е дел од новинарскиот тим во Вашингтон пост, кој помогнал во симнување од власт на претседателот Ричард Никсон во 1974-та година.
Трамп, вчера на неговиот Твитер профил, го постави прашањето дали Вудвард работи за Демократската партија.
Книгата треба да излезе во продажба на 11-ти септември следниот вторник.
Facebook Forum