Линкови за пристапност

Златна WC-шолја наместо слика од Ван Гог


Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија побарале да го позајмат "Снежниот пејзаж" на Ван Гог

Кога Белата куќа побарала да позајми слика од Ван Гог од музејот Гугенхајм во Њујорк, барањето било одбиено. Но, кустоската Ненси Спектор, наместо тоа понудила друго парче уметност: 18-каратна, целосно функционална златна WC-шолја.

Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија побарале да го позајмат „Снежниот пејзаж" на Ван Гог за да го изложат во приватниот дел од Белата куќа.

Златната WC-шолја беше користена како привремена на една интерактивна изложба во една од куќите на музејот. Делото со наслов „Америка“ е опишано како сатира, потсмевајќи го прекумерното богатство.

Вашингтон Пост во четвртокот објави дека кустоската Спектор ја испратила елекстронската порака до Белата куќа за да им каже дека музејот не може да прифати барање за „позајмување“ на делото на Ван Гог, но им било посочено дека уметникот кој ја создал WC-шолјата Маурицио Кателан, „би сакал да ја понуди на Белата куќа и тоа на долгорочен заем“.

Сара Етон, портпаролката на музејот Гугенхајм, потврди дека кустоската го напишала имејлот на 15-ти септември до Дона Хајаши Смит од Канцеларијата за кустос при Белата куќа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG