Претседателот на САД Доналд Трамп, кажа дека можеби требало да избере некого друг наместо Џеф Сешнс на функцијата главен правобранител, но според адвокатот на Трамп, позицијата на Сешнс засега е безбедна.
Претседателот е мошне незадоволен откако Сешнс го искористи своето право, и за да избегне конфликт на интереси, се повлече од надзорот на истрагата за можна поврзаност меѓу кампањата на Трамп и Русија на изборите во 2016-та.
Влијателни републикански законодавци го предупредија лидерот на САД да не го отпушта Сешнс, стравувајќи дека тоа би можело да води кон негов импичмент. Воедно тие велат дека кој и да биде поставен на негово место, заради политичката поделеност во Сенатот, ќе се соочи со проблеми да биде потврден на функцијата.
Според весникот Њујорк тајмс, неколку дена откако Сешнс се повлекол од надзорот на истрагата на специјалниот советник Мулер, Трамп се обидел, но не успеал да го натера Сешнс да се премисли.
Facebook Forum