По информациите за внатрешни несогласувања во неговиот тим, како и многуте шпекулации за тоа кој ќе биде дел од неговиот кабинет, избраниот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека пренесувањето на моќта од админстрацијата на претседателот Барак Обама на неговата се одвива добро.
„Целиот процес е многу организиран. Јас одлучувам за кабинетот и за многу други позиции, и сум единствениот кој знае кои се избраните“, напиша Трамп на Твитер.
Пред изборите гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи го предводеше преодниот тим, улога што тој ја презеде месеци по силна поддршка за Трамп, откако неговиот предлог за номинација на Републиканската партија не успеа.
Тој беше заменет во петокот од идниот потпретседател Мајк Пенс, наводно заради неговата логистичка работа.
Трамп вети дека ќе донесе реформи, меѓу кои и забрана на владини претставници да станат лобисти, откако ќе им заврши функцијата.
Но, тие напори може да ја искомплицираат неговата способност да пополни многу позиции, кои ќе бидат испразнети по заминувањето на тимот на Обама во јануари.
Вчера беше отстранет од транзициониот тим и Мајк Роџерс, поранешен претседател на Комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом, кој го советувал Трамп за пополнување на позициите во националната безбедност.
Роџерс се поврзува со Кристи, но и го одобрил извештајот на Комисијата во 2014-та година за нападите во Бенгази, Либија во 2012-та, кога четворица Американци беа убиени.
„Њујорк тајмс“ објави дека зетот на Трамп Џаред Кушнер имал големо влијание во одлуката за отстранување на Кристи и поврзаните со него.
Од друга страна, такото на Кушнер во 2004-та бил осуден на две години затвор за затајување данок, за нелегални кампањски донации и за заплашување на сведок. Кристи бил федерален обвинител во тој случај.