Линкови за пристапност

Трамп на Капитол хил за кратење на даноците


Претседателот разговараше со мнозинството републиканци за намалување на даноците за корпорациите и за средната класа

Претседателот на САД Доналд Трамп се сретна со мнозинството републиканци во Сенатот, со надеж да ги подобри неговите планови за кратење на даноците за корпорациите и за средната класа, и покрај препреките со сенаторот од Тенеси Боб Коркер.

Трамп вчера се сретна на ручек со законодавците на Капитол хил, вклучувајќи го и Коркер, за да разговараат за даночните промени.

Претседателот замина од состанокот, без да даде изјава за новинарите, но, лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, рече дека републиканските законодавци се обединети со Трамп, во барањето начин за големи промени во Законот за даноци.

Минатата недела, Сенатот помина буџет, кој што евентуално ќе доведе кратење на 1.5 трилиони долари за даноци во наредната деценија, а Трамп повика на одобрување на даночната легислатива на крајот на декември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG