Линкови за пристапност

Претставничкиот дом изгласа привремен буџет со пари за ѕидот


Буџетот сега оди на гласање во Сенатот каде шансите за поминување се многу мали

Претставничкиот дом предводен од републиканците го изгласа привремениот буџет што му обезбедува на претседателот Доналд Трамп пет милијарди долари за изградба на ѕидот на границата со Мексико.

Претставничкиот дом го изгласа буџетот со 217 наспроти 185 гласа со цел да се спречи затворање на Владата на полноќ

Буџетот сега оди на гласање во Сенатот каде шансите за поминување се многу мали.

Трамп побара пари за израдба на ѕидот, велејќи дека нема да потпише буџет одобрен од Сенатот, а кој не вклучува финансирање на ѕидот.

„Во овој момент претседателот не сака да продолжи понатаму без гранична безбедност, која вклучува изградба на ѕид“, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс, додавајќи дека претседателот продолжува да ги разгледува неговите опции.

Лидерот на малцинството во Сенатот Чак Шумер вели дека претседателот ја турка држвата во хаос, истакнувајќи ја оставката на секретарот за одбрана Џејмс Матис.

Трамп ги повика клучните републикански законодавци во Белата куќа да разговара за ѕидот и за привремени мерки на финасирање на една четвртина од владините операции во случај на владино затворање, пред истекот на моменталното финансирање ноќеска на полноќ.

Демократите остро го отфрлија предлогот на Трамп за изградба на ѕидот. Тие треба да ја преземат контролата врз Претставничкиот дом во јануари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG