Линкови за пристапност

Флин ќе ги достави документите за Русија


Поранешниот советник за национална безбедност се согласи до Сенатот да ги поднесе бараните документи поврзани со тековната истрага за Русија

Поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, се согласи да ги предаде документите до Сенатската комисија за разузнавање, во врска со истрагата за напорите на Русија да влијае на претседателските избори во САД.

Флин претходно одби да достави информации до Комисијата, со образложение од неговиот адвокатски тим дека барањето не е прецизно, по што тоа било сторено. До наредната недела, тој се очекува да обезбеди лични документи и оние поврзани со две фирми.

Комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом води сопствена истрага за случајот.

Одделот за правда претходно го назначи поранешниот директор на ФБИ Роберт Мулер, како специјален советник во одвоена истрага, што исто така се однесува на наводите дека кампањата на претседателот Доналд Трамп соработувала со Русија.

Трамп ги порекна тврдењата и ја отфрли оценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин наредил Русија да се вмеша во изборите во САД, со цел да се зголемат шансите за победа на Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG