Линкови за пристапност

Трамп стравува дека можно интервју со Мулер ќе се искористи против него


Претседателот смета дека неговата изјава би можела да се искористи како лажно сведочење

Претседателот Доналд Трамп вели дека стравува да биде испрашуван од специјалниот советник Роберт Мулер, оти тоа би можело потоа да се искористи против него.

Мулер ја истражува можната соработка меѓу кампањата на Трамп во 2016-та година и руското мешање во претседателските избори.

Тој, исто така, истражува дали Трамп ја попречил правдата, обидувајќи се да влијае врз истрагата.

Во интервју за Ројтерс, Трамп одби да каже дали ќе разговара со Мулер.

Тој додаде и дека има моќ да ја води специјалната истрага, но, оти не планира да се меша во неа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG