Линкови за пристапност

Сандерс вели дека Трамп не ја попречува истрагата за Русија


Претходно претседателот го повика главниот правобранител Џеф Сешнс да ја стопира истрагата на Мулер

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс изјави дека претседателот Доналд Трамп не ја попречувал федералната истрага за руското мешање во изборите. Напротив, истакна таа, тој се бранел.

Сандерс го изјави ова, кусо откако Трамп го повика главниот правобранител Џеф Сешнс да ја стопира истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер.

„Тоа не е наредба туку мислење на претседателот. Тој сака да го види крајот на овој процес, и како што кажал претходно, со нетрпение го очекуваме тоа“, изјави Сандерс.

Претседателот изјави дека 14-месечната истрага на Мулер, за поврзаноста на неговата кампања со Русија, се наоѓа во ужасна ситуација.

Пред една година, главниот правобранител си иззема себе си` од надгледување на истрагата, поради неговите контакти со Русија, оставајќи ја таа улога на неговиот заменик Род Розенстајн.

Некои сенатори од претседателската партија ја бранат истрагата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG