Линкови за пристапност

Сведок за импичментот на Трамп го тужи Помпео над 1,8 милиони америкаснки долари за правни такси


Портпарол на Помпео ја нарече тужбата „смешна“ и рече дека Помпео е „уверен дека судот ќе ја види на ист начин“

Гордон Сондленд, амбасадор на администрацијата на Трамп во Европската унија и клучен сведок во постапката за импичмент во 2019-та година, го тужеше поранешниот државен секретар Мајк Помпео во обид да врати 1,8 милиони долари како надомест за правни трошоци.

Сондленд во тужбата, поднесена до федералниот суд во Вашингтон, тврди дека Помпео се обврзал да ги надомести своите правни трошоци, откако беше повикан од демократите во Преставничкиот дом за да сведочи во случајот на импичмент, кој го обвинуваше тогашниот претседател Доналд Трамп за задржување воена помош од Украина, истрага против политичкиот ривал Џо Бајден и неговиот син Хантер.

Наместо тоа, вели Сондленд, Помпео „се откажа од ветувањето“ откако ги дозна деталите за сведочењето.

Портпарол на Помпео ја нарече тужбата „смешна“ и рече дека Помпео е „уверен дека судот ќе ја види на ист начин“.

На Трамп му беше изгласан импичмент од Преставничкиот дом, но ослободен во февруари 2020-та година од страна на Сенатот.

Според тужбата, Сондленд беше отпуштен неколку дена по ослободителната пресуда на Трамп „едноставно затоа што ја кажа вистината“. Тој рече дека неподготвеноста да ги покријат своите правни давачки не само што претставува кршење на обврската и „нормална конвенција“, туку е и „особено проблематична во овој случај, бидејќи количината на подготовка потребна за усогласување со поканите беше зачудувачка“.

Тужбата најпрво ја објави „Вашингтон пост“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG