Линкови за пристапност

Трамп бара ревизија на фондовите за градови кои поддржуваат кратење на парите за полицијата


Мојата администрација нема да дозволи парите на даночните обврзници да одат за градови кои дозволуваат да поминат во зони на беззаконие, рече претседателот

Претседателот на САД Доналд Трамп побара официјалните лица да утврдат дали националната Влада би можела да крати федерална помош за одредени градови.

Тој нареди Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа да понуди водич до федералните агенции за кратење пари за градовите, кои ги намалуваат средствата за полицијата, по недели протести против полициската бруталност.

„Мојата администрација нема да дозволи парите на даночните обврзници да одат за градови кои дозволуваат да поминат во зони на беззаконие“, рече Трамп, нагласувајќи:

„Мора федералната Влада да направи ревизија на користењето на федералните фондови од власти кои дозволуваат анархија, насилство и деструкција во американските градови“.

Претседателот побара главниот правобранител Вилијам Бар да обезбеди список со места до Одделот за правда, кои важат за „анархистички јурисдикции“ и да ги објават јавно.

Трамп тврди дека има широк напор од демократските градоначалници на едни од најголемите градови во државата да ги укинат парите за полициските оддели.

Повеќето од нив, пак, велат дека сакаат делумно кратење на парите за полицијата, со цел тие да се пренасочат кон социјални програми во заедниците за намалување на криминалот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG