Линкови за пристапност

Пардонирањата на Трамп


Минатиот месец Трамп постхумно го помилуваше боксерот во тешка категорија, Џек Џонсон и конзервативниот коментатор Динеш Д`Суза

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека планира да побара од играчите на Националната фудбалска лига кои протестираат со клечење за време на интонирањето на националната химна да препорачаат лица за кои сметаат дека биле неправедно казнети од страна на правниот систем во државата.

„Ќе ги замолам сите овие луѓе да ми дадат препораки, бидејќи тоа е она за што тие протестираат. Лица за кои сметаат дека биле неправедно третирани од страна на правниот систем“.

Некои од играчите протестираат речиси две години во обид да ја подигнат свеста за системскиот расизам во САД, вклучувајќи ги и случаи на убиства на невооружени Афроамериканци и припадници на малцинствата од страна на полицијата, во кои извршителите често беа ослободувани.

Трамп тврди дека протестите се непатриотски, велејќи дека тие треба да стојат за време на интонирањето на химната и да искажат почит кон американското знаме.

„Тие немаат доволно гордост за да стојат за време на интонирањето на национална химна“ рече Трамп.

Трамп коментарите ги искажа пред да замине на самитот на Г-7 во Канада. Тој откри дека размислува за помилување на починатиот активист за човекови права и боксер во тешка категорија, Мухамед Али кој беше осуден во 1967-та година поради тоа што одбил да служи војска за време на Виетнамската војна. Врховниот суд ја поништи одлуката во 1971-ма година.

Трамп, исто така рече дека размислува за помилување на околу 3.000 релативно непознати луѓе.

Минатиот месец Трамп постхумно го помилуваше боксерот во тешка категорија, Џек Џонсон, кој беше обвинет за кривично дело поврзано со расизам. Тој, исто така, неодамна го помилуваше конзервативниот коментатор Динеш Д`Суза кој беше осуден заради кршење на правилата за предизборно финансирање.

Запрашан за помилувањето на самиот себеси, по истрагата на Русија, Трамп рече: „Јас не сум над законот“ но додаде: „Имам апсолутно право да се помилувам. Никогаш нема да морам да го сторам тоа, бидејќи не сум сторил никаков престап.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG