Линкови за пристапност

На крајот на месецот ќе се гласа за повторна номинација на Трамп за претседател


Планираме активностите во Шарлот да бидат затворени за печатот, а ако тоа се промени ќе ве известиме, рече портпаролката на Републиканската национална конвенција, а објави Асошиетед прес

Портпаролката на Републиканската национална конвенција изјави дека гласањето за повторна номинација на претседателот Доналд Трамп ќе се одвива на крајот на месецот, и ќе биде затворено за јавноста, без присуство на медиумите, објави Асошиетед прес.

„Со оглед на здравствените рестрикции и ограничувања, планираме активностите во Шарлот да бидат затворени за печатот. Ќе ве известиме ако тоа се промени“, рече таа.

Сепак, официјално лице од Републиканскиот национален комитет излезе со спротивен став, велејќи дека се`уште не е донесена конечна одлука за тоа.

Асошиетед прес објави дека изворот сака да остане анонимен, бидејќи нема овластување да зборува за оваа ситуација јавно.

Додека Трамп ја откажа јавната конвенција во Флорида, поради зголемениот број на заразени со ковид-19, 336 делегати се закажани да се соберат во Шарлот, Северна Каролина на 24 август, со цел формално да гласаат Трамп уште еднаш да биде номинација на Републиканската партија.

Традиционално, конвенциите за претседателски номинации се отворени за медиуми. Ако Републиканската партија донесе одлука конвенцијата да биде затворена за новинари, тоа ќе биде прв случај досега, објави Асошиетед прес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG