Линкови за пристапност

Републикански сенатори критични за надворешната политика на Трамп


Џон Мекејн загрижен за неговото разбирањето за надворешната политика, Линдзи Греам го повика претседателот да се спротивстави на Русија

Двајца клучни републикански сенатори, викендов ја поставија под знак прашање способноста на претседателот Доналд Трамп за спроведување на надворешната политика, посебно по превирањата во Белата куќа околу операциите за национална безбедност и неговата колебливост да му се спротивстави на руското мешање во американските претседателски избори.

Сенаторот од Аризона, Џон Мекејн, за емисијата „Средба со печатот“ на „Ен-Би-Си“ кажа дека тој е загрижен како Трамп ги „разбира некои“ од прашањата за надворешната политика и за неговите „контрадикторни искази.“ Мислам дека.... одлуките за имиграционата реформа се пример за потребата од методично донесување на одлуки во Белата куќа. Мислам дека најверојатно тоа загрижува повеќе од било што во моментов.“

Тој вели дека, милијардерот со недвижнини, кој постанал републикански политичар, ги оставил европските лидери конфузни околу реториката и посветеноста на НАТО, иако потпретседателот Мајк Пенс во саботата на Минхенската безбедносна конференција кажа САД „ќе ја држат Русија“ одговорна и беше категоричен во поддршката за НАТО.

Сенаторот од Јужна Каролина, Линдзи Греам кој исто така зборување на Минхенската безбедносна конференција, кажа дека новиот американски лидер треба да работи со законодавците за казнување на Москва.

XS
SM
MD
LG