Линкови за пристапност

Сведочење за наводите на свиркачот за импичмент на Трамп


Денеска пред Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом јавно треба да сведочи вршителот на должност директор на американската национална разузнавачка служба, кој го блокираше објавувањето на наводите на свиркачот во истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Исто така, се очекува Џозеф Мегваер да разговара со членовите на разузнавачката комисија на Сенатот зад затворени врати.

Синоќа, на некои од законодавците кои што се членови на комисијата за разузнавање им беше дозволено да ги видат наводите на свиркачот. Проценките генерално се поделени по партиска линија. Демократите во наводите гледаат вина, додека републиканците сметаат дека нивното јавно објавување нема да предизвика последици во однос на судбината на претседателството на Трамп.

Сепак, еден републикански член на разузнавачкиот комитет на Сенатот има порака за законодавците од двете страни.

„Тука има навистина вознемирувачки работи“, изјави Бен Сасе за новинарите по читањето на документот. Тој посочи дека републиканците и демократите не требало да брзаат пред да бидат запознати со вистинската содржина.

Контроверзите започнаа минатата недела кога се појавија извештаи дека неидентификуван свиркач алармирал за активности во администрацијата на Трамп, меѓу кои телефонскиот разговор во јули помеѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По извештаите дека Трамп побарал од Украинскиот претседател, Володимир Зеленски да покрене истрага за ангажман на синот на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во украинска компанија за гас на високо платена позиција, спикерката на Претставничкиот дом и лидерка на демократите во американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, најави и официјална истрага за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп и обвини дека ја условил помошта за странска влада со неговиот реизбор во 2020 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG