Линкови за пристапност

Злоупотреба на моќ и опструкција на Конгрес - основи за импичмент на Трамп


Демократите ги најавија причините врз основа на кои ќе ја спроведат постапката за отстранување на претседателот

Демократите од Претставничкиот дом ги најавија причините за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп - злоупотреба на моќ и опструкција на Конгрес.

Претседавачите со Комисиите за правосудство, разузнавање, надворешни работи и за надзор ги најавија следните чекори во постапката за импичмент.

Ваквиот потег уследи откако вчера Комисијата за правосудство ги заврши сослушувањата. Претседавачот Џеролд Надлер рече дека напорите на Трамп да ги добие изборите со измама, претставуваат закана за националната безбедност.

За време на вчерашното сослушување, демократските и републиканските лидери ги спротивставија ставовите околу потребата за импичмент на претседателот.

Демократите тврдат дека Трамп се ставил себе си над државата, додека републиканците изјавија дека и покрај барањето на Трамп, Украина не направила ништо и ја добила воената помош.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG