Линкови за пристапност

Трамп вели дека има уставна обврска да се бори против корупцијата


Претседателот ги објасни неговите барања од странски влади за истрага на политичките противници

Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека има уставна обврска да се бори против корупцијата, објаснувајќи ги неговите барања од странски влади за истрага на политичките противници.

„Не се работи за политика, туку за корупција. Ако го прочитате Уставот ќе видите дека имам обврска да се борам против корупцијата“, изјави Трамп.

Претседавачот со Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом Адам Шиф, денес на Твитер напиша дека „Трамп верува оти може да ги притисне странските држави да му помогнат политички“.

За да успее импичментот на претседателот, ќе бидат потребни 20 републиканци од Сенатот да им се приклучат на нивните демократски колеги, плус двајца независни, кои би гласале со демократите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG