Линкови за пристапност

Трамп: Не можеме да дозволиме лекувањето да биде полошо од проблемот


Американскиот претседател Доналд Трамп изрази загриженот од последиците на пандемијата врз економијата во државата.

„Не можеме да дозволиме лекувањето да биде полошо од самиот проблем. На крајот од 15-дневниот период, ќе донесеме одлука, во кој правец сакаме да одиме“, напиша Трамп во порака на Твитер.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1241935285916782593?s=20

Трамп, исто така, објави пораки од негови приврзаници кои изразуваат загриженост и огорченост од социјалното дистанцирање.

Извршниот директор на Институтот за глобално здравје изјави дека се надева дека мерките за социјално дистанцирање нема да бидат отповикани предвреме


Говорејќи на CNBC во понеделникот, економскиот советник во Белата куќа, Лери Кудлоу, призна дека некои во Белата куќа исто така се сомневаат дали широко распространето прекинување на економските активности на крајот прави повеќе штета отколку добро.

Извршниот директор на Институтот за глобално здравје, д-р. Роберт Марфи, за Гласот на Америка изјави дека се надева дека мерките за социјално дистанцирање нема да бидат отповикани предвреме поради загриженоста за американската економија.

Ваквата акција ќе биде многу тажен начин да се тестира законот на Дарвин, додаде Марфи, кој е професор по медицина и биомедицински инженеринг.

Генерално, истражувањата откриле дека републиканците - во споредба со демократите - ја сфаќаат заканата од пандемијата помалку сериозно и повеќе се склони да веруваат дека медиумите ги преувеличуваат состојбите поврзани со коронавирусот.

https://www.people-press.org/2020/03/18/u-s-public-sees-multiple-threats-from-the-coronavirus-and-concerns-are-growing/

„Се чини дека многу брзо, социјалното растојание многумина првенствено ќе го третираат како политички чин - начин на сигнализација на која„ страна “сте“, напиша во порака на Твитер Меки Кепинс, автор на „Дивина“ - книга за битката за иднината на Републиканската партија.

Републиканскиот сојузник на претседателот, сенаторот Линдзи Грахам, во понеделникот предупреди против ваквиот тренд, повикувајќи да се донесат решенија засновани врз совети на здравствените работници, наместо врз политички ставови.

https://twitter.com/LindseyGrahamSC/status/1242120273949863937?s=20

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG