Линкови за пристапност

Трамп рече дека САД се подготвени дури и вирусот да се рашири во поголеми размери


Тој нагласи дека можеби ќе го ограничи патувањето од Италија и Јужна Кореја, но, не во овој момент

Претседателот Доналд Трамп вели дека не верува оти епидемијата на коронавирусот ќе биде најлошо сценарио во САД.

На прес конференција во Белата куќа, тој ги истакна мерките кои администрацијата ги презема да се справи со вирусот, кој погоди десетици лијади лица низ цел свет.

Досега САД се многу малку погодени, иако владините и приватните здравствени лица велат дека ситуацијата може да се промени брзо.

Трамп нагласи дека државата е многу добро подготвена, дури и вирусот да се рашири во поголеми размери.

Здравствените официјални лица изјавија дека до овој момент има 14 потврдени слуачи на коронавирус во САД, и дополнителните 42 Американци, кои се наоѓаат во карантин во крузерот „Дајмонд принсес“ во Јапонија.

Претседателот нагласи дека ризикот некој да се зарази од овој вирус во САД е мал, бидејќи администрацијата реагирала навреме и ги затворила границите за сите лица кои не се Американци, а кои доаѓаат од Кина.

Тој додаде дека можеби ќе треба да го ограничи патувањето од Италија и Јужна Кореја, држави кои по Кина се најмногу погодени од вирусот. Сепак, тој рече дека ова не е вистинскиот момент тоа да се направи.

Претседателот, исто така, побарал од Конгресот 2,5 милијарди долари за справување со ширењето на овој вирус, и го назначи потпретседателот Мајк Пенс да ги предводи напорите во држење на ситуацијата под контрола.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG