Линкови за пристапност

Трамп вели дека Кина би сакала тој да изгуби од Бајден, Пекинг рече дека нема намера да се меша во изборите


Претседателот, во интервју за Ројтерс, рече дека Кина верува оти неговиот претседателски противник би го намалил притисокот околу трговските царини

Кина изјави дека нема желба да се меша во претседателските избори во САД годинава, и покрај ваквите тврдења на претседателот Доналд Трамп.

Трамп, во интервју за Ројтерс, рече дека Кина ќе направи се` што може тој да ја изгуби изборната трка, во корист на демократскиот противник Џо Бајден.

Трамп рече дека Кина би сакала да победи Бајден, верувајќи дека тој би го намалил притисокот врз Пекинг во однос на трговските царини.

„Кажавме повеќе пати дека изборите во САД се домашна работа на САД. Кина не е заинтересирана да се меша“, изјави Кинеското министерство за надворешни работи, додавајќи дека истовремено се надева оти САД нема да ја вовлечат Кина во нивната изборна политика.

Администрацијата на Трамп ја обвини Кина за пандемијата на коронавирус, што ги доведе САД во длабока рецесија, со над милион заразени лица, повеќе од која било друга држава.

Трамп нагласи дека разгледува разни опции да го казни Пекинг за пандемијата, и покрај инсистирањето на Кина дека ефикасно се справила со заразата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG