Линкови за пристапност

Во рамки на 12-дневната турнеја, американскиот претседател ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините

Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска го започнува неговото најдолго патување надвор од САД, откако е на функцијата. Тој ќе биде во 12-дневна турнеја низ Азија, при што ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините.

Од Белата куќа велат дека „турнејата на претседателот ќе ја нагласи заложбата за долгогодишните сојузништва и партнерства на Соединетите Американски Држави, и ќе ја потврди лидерската улога на земјата во промовирањето на слободен и отворен индо-пацифички регион“.

Претседателот ќе биде на пат до 14-ти ноември. Прва станица се Хаваите, каде ќе го посети Перл Харбор. Следна е Јапонија, за каде е закажана средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Потоа, американскиот претседател ќе замине за Јужна Кореја на средби со претседателот Мун Џеј-ин, а ќе посети и американските војници стационирани во оваа земја. За време на говорот пред Националното собрание, Трамп ќе побара од меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз Северна Кореја, која продолжува да ја развива својата нуклеарна програма.

На 8-ми ноември, лидерот на САД треба да пристигне во Пекинг, Кина, каде се очекува да реализира серија билатерални, комерцијални и културни настани, вклучувајќи и средба со својот кинески колега, Ши Џинпинг.

Трамп ќе учествува на состанокот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка, а свое обраќање ќе има на самитот на групата во Дананг, Виетнам, на 10-ти ноември, каде се очекува да побара „слободен и отворен индо-пацифички регион“.

Патувањето ќе заврши со посета на Филипините.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG