Оваа симпатична кукла е единствениот предмет со сентиментална вредност што семејството Протасевич успеа да го земе кога избегаа од руските сили, кои ја нападнаа Украина во 2022 година.
„Побегнавме со неколку работи: лаптопи, две канти бензин, а ќерка ми ја зеде оваа кукла. Нејзиното име е Тусија“, вели Катерина Протасевич, внатрешно раселена Украинка.
Катерина, нејзиниот сопруг, мајка ѝ и двете деца се од село во украинската област Керсон. Раселени, тие мораа да поминат година и пол движејќи се низ земјата, обидувајќи се да најдат место за престој.
„За многумина од села или мали заедници, тешко е да се асимилираат во голем град. Да стекнете нови вештини, кога сте изгубиле сè, е исклучително стресно“, вели Тина Николова од хуманитарната фондација „Уживајте го животот“.
За да им помогне на семејствата како Протасевич, група наречена добротворна фондација „Уживање во животот“ создаде проект наречен „Куќа во близина“, чија цел е да им овозможи на внатрешно раселените лица да им се олесни во нивните нови заедници.
„Купуваме куќи, ги реновираме, така што ги има сите удобности, а потоа ги даваме бесплатно на семејства што сакаат да се преселат во село во регионот на Киев, но и да живеат и работат таму најмалку 10 години. НИвна задача е да се грижат за таа куќа и да плаќаат комуналии“, вели Николова.
По 10 години, семејството ќе стане сопственик на куќата. Фондот бара и работни места. Многу градови и села имаат недостиг на работна сила.
Оваа болница во градот Тарашча во Киевската област има 10 слободни работни места.
„Потребен е педијатар, општ лекар, невролог и доктор по функционална дијагностика. Како мала болница тешко е да се најдат специјалисти. Но, кога потенцијално доаѓа слободно работно место со новонаселените - тоа е поинаку“, вели Јана Тројан од Градската болница во Тарашча.
Оваа болница опслужува 26 илјади луѓе од околните мали заедници. Со оглед на тоа што многу работници на возраст за пензионирање и млади луѓе се преселуваат во поголемите градови, властите велат дека овие лица може да помогнат да се пополни празнината.
„Веќе имавме неколку интервјуа со внатрешно раселени лица по препорака на фондацијата“, вели Тројан.
За оние кои се раселени поради војна, програмата е шанса за стабилен дом и заедница.
„На почетокот се сомневав дали вреди да се преселиме повторно бидејќи постојаните промени се исцрпувачки. Но, по четири месеци живеење овде, се чувствувам како дома. Она што најмногу ми се допаѓа е што овде е релативно безбедно. Моите деца спијат мирно; нема сирени“, истакнува раселената Проташевич.
Протасевич веќе една година живее во селото Медвин во Киевската област. Првично, таа работела како сметководителка, а сега им помага на другите како неа со добротворната фондација „Уживање во животот“.
„Тие бараа социјален работник кој ќе им помогне на семејствата да се смират но, и да дејствува како посредник меѓу нив и фондот“, вели Протасевич.
Додека „Куќа во близина“ е пилот проект, организаторите сакаат да ги зголемат и да ги научат заедниците како сами да ги спроведуваат таквите програми.
Како што растат очекувањата за завршување на руско-украинската војна, така се зголемува и надежта за оние кои мораа да побегнат повторно да имаат каде да се вратат дома.
Facebook Forum