Линкови за пристапност

Трамп разговара за купување на ТикТок со повеќе луѓе, одлука се очекува за 30 дена


Логото на ТикТок прикажано на телефон во Сан Франциско, 17 јануари 2025 година
Логото на ТикТок прикажано на телефон во Сан Франциско, 17 јануари 2025 година

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата изјави дека е во разговори со повеќе луѓе за купување на ТикТок и најверојатно ќе има одлука за иднината на популарната апликација во следните 30 дена.

„Разговарав со многу луѓе за ТикТок и има голем интерес за ТикТок“, им рече Трамп на новинарите за време на летот за Флорида.

Претходно, истиот ден, Ројтерс објави дека две лица кои знаеле за дискусиите велат оти администрацијата на Трамп работи на план за спас на ТикТок.

Според договорот за кој преговара Белата куќа, сопственикот на ТикТок, со седиште во Кина, ќе го задржи уделот во компанијата, но собирањето податоци и ажурирањата на софтверот ќе бидат надгледувани од американската компанија Оракл, која веќе ја обезбедува основата на веб-инфраструктурата на ТикТок, вели еден од изворите за Ројтерс.

Сепак, во своите коментари за новинарите на летот, Трамп рече дека не разговарал со Оракл за купување на апликацијата.

Запрашан дали склучува договор со Оракл и другите инвеститори за да го спаси ТикТок, Трамп рече:

„Не, не со Оракл. Многу луѓе зборуваат со мене, многу суштински луѓе, за да го купам и јас ќе ја донесам таа одлука веројатно во следните 30 дена. Конгресот даде 90 дена ако можеме да го спасиме ТикТок, мислам дека тоа би било добро“.

Изворите рекоа дека условите за секој потенцијален договор со Оракл веројатно ќе се променат.

Еден извор рече дека целосниот опсег на дискусиите сè уште не е поставен и може да ги вклучи операциите на САД, како и другите региони.

Националното јавно радио во саботата ги објави разговорите за договорот за глобалните операции на ТикТок, цитирајќи две лица запознаени со преговорите.

Оракл немаше коментар веднаш.

XS
SM
MD
LG