Линкови за пристапност

ТикТок ги обновува американските услуги откако Трамп вети дека ќе ја одложи забраната


Компанијата го пофали новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој за време на неговата прва администрација исто така се обиде да ја блокира популарната апликација поради загриженост за националната безбедност.
Компанијата го пофали новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој за време на неговата прва администрација исто така се обиде да ја блокира популарната апликација поради загриженост за националната безбедност.

ТикТок ги врати услугите на корисниците во Соединетите држави во неделата (19.01.2025 година), откако накратко го блокираше пристапот поради американскиот закон за забрана на платформата за социјални медиуми врз основа на грижи за националната безбедност.

Ситуацијата се одвиваше во услови на промена во администрациите на САД, бидејќи новоизбраниот претседател Доналд Трамп рече дека ќе се обиде да го „продолжи временскиот период пред да стапат на сила забраните од законот“.

Тој, исто така, предложи, во објава на неговата платформа Трут Сошл, Соединетите држави да преземат 50% сопственички удел во ТикТок.

Врховниот суд на САД во петокот (17.01.2025 година) го потврди законодавството усвоено од Конгресот со кое се бара забрана на ТикТок освен ако нејзината матична компанија со седиште во Кина не го продаде до недела (19.01.2025 година).

Администрацијата на Бајден рече дека нема да се обиде да ја спроведе забраната во последните денови на власт, оставајќи го прашањето на Трамп откако тој ја презеде функцијата во понеделникот.

„ТикТок“ му оддаде признание на Трамп бидејќи го објави обновувањето на своите услуги, велејќи во неделата на Х дека ја дал „неопходната јасност и уверување на нашите даватели на услуги дека нема да се соочат со никакви казни обезбедувајќи ТикТок на над 170 милиони Американци и дозволувајќи им на над 7 милиони мали бизниси да напредуваат”.

Постапките на Трамп означија пресврт од неговиот прв мандат кога тој се обиде да го забрани ТикТокво врска со загриженоста дека услугата ги споделува личните информации на американските корисници со кинеската влада.

На брифинг во Пекинг, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг рече дека Кина верува дека компаниите треба да „одлучат независно“ за нивните операции и договори.

„ТикТок работи во САД многу години и е длабоко ценет од американските корисници“, рече таа.

„Се надеваме дека САД можат искрено да го слушаат гласот на разумот и да обезбедат отворена, фер, праведна и недискриминаторска деловна средина за фирмите кои работат таму“, рече Нинг.

Некои информации за овој извештај дадоа Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG