Линкови за пристапност

Трамп е фрустриран, вознемирен и лут, рече неговиот адвокат по излегување од судницата


Поранешниот претседател на САД треба да се врати на Флорида и да се обрати од неговиот имот Мар-а-Лаго вечерва во 8:15 часот локално време, соопшти неговата канцеларија
Поранешниот претседател на САД треба да се врати на Флорида и да се обрати од неговиот имот Мар-а-Лаго вечерва во 8:15 часот локално време, соопшти неговата канцеларија

Ќе се бориме силно, изјави за новинарите адвокатот на Трамп Тод Бланш по излегување од судницата, додавајќи дека Трамп е фрустриран, вознемирен и лут поради обвиненијата.

„Но, ќе ви кажам дека тој е мотивиран. Ова нема да го спречи. И нема да го забави. И тоа е токму она што го очекуваше", додаде Бланш.

Судијата го одреди следното судско рочиште за 4 декември.

Дел од доказите против Трамп беа слушнати на снимка од септември 2016 година на која тој и неговиот адвокат разговараат како да ги потиснат информациите за неговата афера, соопштија обвинителите.

Судските документи велат дека Трамп може да се слушне како вели: „Па, што треба да платиме за ова?

Обвинението го товари Трамп дека ги фалсификувал книгите на неговата компанија за недвижнини со намера да измами.

Трамп, фаворит за републиканската претседателска номинација во 2024 година, не кажа ништо додека влегуваше во судницата или кога замина околу еден час подоцна. Трамп претходно ги нарече обвиненијата политички мотивирани.

Тој треба да се врати на Флорида и да се обрати од неговиот имот Мар-а-Лаго вечерва во 8:15 часот локално време, соопшти неговата канцеларија.

Сите заедно, обвиненијата предвидуваат максимална казна од повеќе од 100 години затвор, според законот во Њујорк, но вистинската затворска казна ако тој биде осуден речиси сигурно ќе биде многу помала од тоа.

Трамп се изјасни за невин пред сојузниот суд во Менхетн во однос на 34 основи за обвинение поврзани со исплата на 130.000 долари на порноактерката Сторми Даниелс непосредно пред неговата победа на претседателските избори во 2016 година, со цел таа да не зборува за наводна врска со него една деценија порано.

Ова е прво обвинение кое било поднесено против сегашен или поранешен претседател на САД.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG