Соединетите Држави и` честитаат на Република Македонија што повторно го постигна статусот на земја од Прва категорија во овогодишниот Извештај за трговија со луѓе на Стејт департментот на САД.
„Благодарение на трајната заложба на Владата на Република Македонија за борба против овој ужасен кримнинал, таа стана регионален лидер во активностите насочени против трговијата со луѓе“ се вели во извештајот. САД ја охрабруваат Македонија да продолжи да биде лидер во борбата против трговијата со луѓе на Балканот со тоа што ќе ги прошири напорите за интензивна истрага, гонење и казнување на трговците со луѓе и со тоа што проактивно ќе ги зголеми напорите за препознавање на жртвите на трговијата со луѓе. Соединетите Држави се задоволни што ја имаат Македонија за партнер во кампањата за запирање на трговијата со луѓе, се вели понатаму во соопштението, и очекуваат партнерството да продолжи за ова и за други витални прашања од областа на владеењето на правото.