Линкови за пристапност

Трамп најави можни промени во Светската трговска организација


Директорот на Организацијата не кажа детали од разговорот со Трамп, но, исто така, не ја затвори вратата за суштински реформи

По ревизија на трговскиот договор на САД, Мексико и Канада, како и по постигнувањето на првата фаза од договорот со Кина, претседателот Доналд Трамп е фокусиран да ги обнови трговските односи и со другите држави.

На Светскиот економски форум во Давос оваа недела, Трамп имаше незакажана средба со директорот на Светската трговска организација Роберто Азеведо, по што одржа прес конференција на која најави дека разговарале за промени во Организацијата, која претседателот ја опиша како многу драматична.

Директорот Азеведо не кажа детали од разговорот со Трамп, но, исто така, не ја затвори вратата за суштински реформи.

„Ако сме сериозни за промени и обнова на Светската трговска организација, со цел да ја направиме да одговара на потребите на 21 век, треба да бидеме подготвени да правиме работи кои се необични, важни, и можеби дури и драматични“, рече тој.

Дополнително, кога Велика Британија формално ќе излезе од Европската Унија наредната недела, на топ агендата на Вашингтон и Лондон се очекува да се најдат нови правила за воспоставување на трговската врска.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG