Линкови за пристапност

Тојота отповика 7,4 милиони автомобили


Јапонскиот автопроизводител соопшти дека возилата имаат проблем со копчето за отварање на прозорците.

Тојота отповика над 7,4 милиони возила во светот заради опасност од пожар што може да биде предизвикан од неисправно копче за автоматско отворање на прозорците кај десетина модели.

Јапонскиот автопроизводител во среда кажа дека копчето на прозорецот од страната на возачот не е еднакво подмачкано во време на производството, креирајќи искрење и понекогаш чад.

Нема пријавено повреди или судири заради овој пропуст, што се јавува дека го има кај 14 модели произведени меѓу 2005 и 2010. Меѓу тие модели се популарните Камри и Корола, како и Јарис, Матрикс, РАБ4 и други.

Околу 2,5 милиони возила ќе бидат отповикани во САД, други 2,8 милиони ќе бидат отповикани од Кина и Европа. Другите се во останатиот дел на светот, вклучувајќи ги Јапонија, Канада, Австралија и Блискиот исток.

Ова е поаследно од серијата отповикувања од крајот на 2009 што ја наруши репутацијата на Тојота за постојаност и безбедност.

Акциите на Тојота паднаа за 1,9 проценти во средата.
XS
SM
MD
LG