Топлотен бран ја погоди Италија, а температурите се очекува дополнително да растат. Туристите и жителите на Рим бараат различни начини на разладување, некои шетаат со замрзната вода, други се разладуваат на фонтаните. На северот од Италија спас од горештините се бара на езерото Гарда.