Линкови за пристапност

Осомничениот за неуспешниот бомбашки напад во Њујорк испрашуван


Осомничениот за неуспешниот бомбашки напад во Њујорк испрашуван
Осомничениот за неуспешниот бомбашки напад во Њујорк испрашуван

Американските власти продолжија да го испрашуваат американскиот државјанин родум од Пакистан кој е обвинет за тероризам и обид за употреба на оружје за масовно уништување во неуспешниот напад со автомобил бомба на Тајмс Сквер во Њујорк

Американските власти продолжија да го испрашуваат американскиот државјанин родум од Пакистан кој е обвинет за тероризам и обид за употреба на оружје за масовно уништување во неуспешниот напад со автомобил бомба на Тајмс Сквер во Њујорк.

Официјални лица велат дека 30-годишниот Фаизал Шахзад соработувал со Федералното истражно биро и дал вредни информации. Тие велат дека тој се откажал од своите права познати како „Миранда“, што му даваат право да не зборува.

Шахзад во вторник беше обвинет по пет основи, по апсењето додека се обидувал да го напушти Њујорк со лет за Дубаи доцна во понеделникот. Властите велат дека тој признал оти добил обука за експлозиви во северозападен Пакистан.

Истражителите исто така иситуваат како Шахзад успеал да се качи на авионот, дури откако неговото име било ставено на листа за забрането летање неколку часа пред да биде уапсен.

Претставници на агенциите за спроведување на законот велат дека осомничениот тврдел оти делувал сам. Но тие велат дека ја истражуваат можноста други да биле инволвирани.

Американскиот генерален правобранител Ерик Холдер обидениот напад го нарече „терористички заговор за убиство на Американци“.

Пакистански разузнавачки претставници велат дека најмалку едно лице во врска со бомбашкиот заговор е уапсен во јужниот пакистански град Карачи. Генералниот правобранител Холдер кажа дека не може да ја потврди таа информација.

XS
SM
MD
LG