Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, изјави дека се надева оти ќе ја посети новата амбасада на САД во Лондон, една недела откако претседателот Доналд Трамп одби да присуствува на неговото отворање.
Тилерсон ќе биде во Лондон во недела, на почетокот на осумдневната турнеја низ Европа.
Но, портпаролката на Стејт департментот рече дека при планираната посета на Тилерсон, нема да има официјално сечење ленти во објектот.
Најавено е Тилерсон да се состане со британското раководство и да разговара за прашања од интерес за целиот свет.
Минатиот петок, претседателот на САД Доналд Трамп ја откажа посетата на Британија закажана за февруари, велејќи дека не сака да го поддржи „лошиот договор“ за релокација на амбасадата, погрешно тврдејќи дека бил склучен од администрацијата на Обама.
Одлуката за продажба на старата зграда на амбасадата, беше всушност донесена за време на претседателсктвувањето на Џорџ В. Буш и, наводно, била водена од безбедносни причини.
Facebook Forum