Државниот секретар Рекс Тилерсон е во Катар да присуствува на разговорите во насока на разрешување на проблемот меѓу оваа држава на Персискиот Залив и нејзините соседи.
Тилерсон отпатува таму од Кувајт, работејќи на посредување во кризата, откако претходно се сретна со шеик Сабах ел Ахмед ел Сабах.
Минатиот месец, Саудиска Арабија, Обединетите арапски емирати, Бахреин, Египет и други, ги прекинаа диполматските врски и воведоа копнена, воздушна и морска блокада кон Катар, обвинувајќи ја државата дека поддржува тероризам.
Агендата на Тилерсон предвидува и посета на Саудиска Арабија в четврток
Неговиот советник за комуникации Хемонд, изјави дека целта на патувањето е да се истражи каде може да се најде евентуално решение.
Хемонд рече дека претседателот Доналд Трамп бил многу јасен, оти неговата цел број еден е, сите арапски држави да престанат да финансираат тероризам.
По неговото прво патување во Саудиска Арабија, Трамп го обвини Катар за поддршка на тероризам на највиско ниво.
Катар ги отфрли обвинувањата.
Facebook Forum