Линкови за пристапност

Се бараат и други можни пристапи до децата во пештерата во Тајланд


Во меѓувреме, метеоролошката служба предупреди дека во областа можни се обилни врнежи од дожд уште неколку денови

Спасувачките екипи во Тајланд денеска ќе разгледаат други можни пристапни места во пештерата, каде се заглавени 12-те момчиња, членови на фудбалски тим и нивниот тренер.

Претходно, властите рекоа дека пречките во одложувањата на комуникацијата со тимот за нуркање во пештерата, и натаму се проблем.

Надлежните додадоа дека ја прецизираат положбата на децата и ги мобилизираат тимовите за евалуација на џунглата. Воедно, 30-тина тимови ќе ги прегледаат шахтите и дупките што можат да се искористат во спасувачките напори.

Момчињата беа пронајдени на втори јули, девет дена по исчезнувањето, и во моментов сето внимание е свртено кон тоа како да се извлечат надвор низ неколку километри опасно поплавени тунели.

Во меѓувреме, метеоролошката служба предупреди дека во областа можни се обилни врнежи од дожд уште неколку денови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG