Линкови за пристапност

Тројца загинати на Тексашкиот универзитет A&M


Вооружен напаѓач убил две лица пред полицијата да го елиминира осомничениот, соопштија властите.

Вооружен напаѓач убил две лица во близина на Тексашкиот универзитет A&M, пред полицијата да го елиминира осомничениот, соопштија властите.

Од загинатите, еден е полицаец, а другиот цивил. Тие загинале кога вооружено лице отворило оган во месноста Колеџ стејшн, близу универзитетот. Според полицијата, во инцидентот биле повредени неколку лица.

Засега нема информации за идентитетот на напаѓачот и мотивот на нападот.

Ова е трет вооружен инцидент за неполн месец дена: на 20-ти јули во кино-сала во Колорадо напаѓач усмрти 12 лица. Две недели подоцна, седум лица, меѓу кои и напаѓачот, загинаа во пукање во храм на Сиките во Висконсин.
XS
SM
MD
LG