Линкови за пристапност

Убиени напаѓачите во Тексас


Две лица пукале врз обезбедувањето на настан за карикатури при што се исмејувал пророкот Мухамед.

Полицијата во Тексас убила две лица, за кои вели дека отвориле оган врз полицаец што обезбедувал настан во училиште во Гарланд, близу Далас. Во училиштето се одржувал натпревар за карикатури што го прикажуваат пророкот Мухамед.

Локалните власти соопштија дека полицаецот бил ранет и хоспитализиран, но дека е надвор од животна опасност и по третманот е пуштен на домашно лекување, како и тоа дека бил извршен претрес на автомобилите на двајцата напаѓачи. Во моментов не е познат нивниот идентитет.

Натреварот за најдобра карикатира бил спонзориран од Иницијативата за одбрана на американската слобода, а за победникот била понудена парична награда од 10.000 долари.

На настанот биле поднесени преку 350 карикатири, а е организиран како илустрација на слобода на говорот и да се предочи дека Американците нема да подлегнат на насилничко исламистичко заплашување.

XS
SM
MD
LG